Локацијата на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево е во централниот дел на градот поточно на ул. Никола Ј. Вапцаров бб во Општина Делчево, со статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од прво до деветто одделение. Објектот во кој се изведува воспитно-образовната дејност е граден 1971 година, а настава почнала да се изведува во 1973 година. Зградата е од тврда градба на два ката и подрум и одговара на намената за која е изградена. ООУ „Ванчо Прке“ располага со 31 училници од кои 15 за одделенска настава и 16 за предметна настава. Сите училници се обезбедени со компјутери и нагледни средства. ООУ „Ванчо Прке“ е деветгодишно училиште кое ги опфаќа учениците од населбите „ Прв, Втор и Трет реон“, „Расадник“, „Басарица“ „Стар Монопол“ и дел од населбата „Ново Делчево“ како и учениците во подрачните училишта од населенети места Габрово и Звегор.
Во непосредна близина на училиштето се наоѓа Домот на културата, Градскиот парк и ЈГДУ Весели Цветови.
Во својот состав ООУ„Ванчо Прке“ има и подрачни училишта и тоа две петгодишни подрачни училишта во с.Звегор и с.Габрово.