Мисија и визија

          МОТО

,, Училиште со полн потенцијал за напредување’’

МИСИЈА

Училиште насочено кон модернизирање на наставниот процес со создавање услови за потребите и способностите на учениците и нивната интегрираност со наставните програми како основа за создавање на ученици кои ќе имаат лична одговорност, морални вредности и знаење, преку самодисциплина, толеранција и меѓусебно почитување.

Ги следиме новите текови и модернизацијата на образованието, преку стручно усовршување на наставниот кадар кој гради мост на разбирање со учениците и нивните потреби и погледи во стекнувањето на знаењата.

Градиме партнерски однос со сите соработници и субјекти кои даваат свој допринос за унапредување на воспитно- образовниот процес. Соработка со родителит , локалната заедница и претставници од стручни лица од МОН и БРО кои со свои стратегии и цели ќе го унапредуваат нашиот образовен систем.

ИЗЈАВА ЗА МИСИЈА: Училиште со разбирање на учениците – импулс за успешна средина“

          ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Ќе градиме современо, иновативно и отворено училиште за промени и развој кое ќе може да одговори на предизвиците на 21-от век. Ќе ги зајакнуваме професионалните компетенции на вработените со цел постојано да се унапредува квалитетот на наставно-образовниот процес. Сакаме добро опремено училиште во кое ќе се применува современа образовна технологија и креативна настава, при што учениците ќе стекнуваат трајни функционални знаења, вештини и вредности со надминати предрасуди. Ќе се стремиме да обезбедиме стимулативна средина за учење и работа во која на учениците ќе им се дава можност целосно да го реализираат својот потенцијал, со додатна образовна поддршка на потенцијално надарените ученици и на децата од ранливите групи. Сакаме уште подобра и поквалитетна соработка со родителите во сите сегменти од животот и работата на училиштето.

ВИЗИЈА

,, Училиште кое создава мотивирачка и поттикнувачка средина за учење и подучување на сите ученици. Сите вработени да бидат професионалци, соработници, но и пријатели. Родителите да ни бидат партнери, а локалната заедница соработник.’’