28-09-2026 По повод Европскиот ден на јазиците

28-09-2026

По повод Европскиот ден на јазиците, на 28 септември 2026 година, во ОУ „Ванчо Прке“ се одржa работилницата „Многу јазици, една заедничка приказна“. Настанот е посветен на јазичната и културната разновидност, на богатството што го носи учењето и познавањето на повеќе јазици, но и на она што нè поврзува – без оглед на јазикот на кој зборуваме.

Работилницата ја организираа професорките Биљана Иванова, Ана Витанова Рингачева од Катедрите за англиски, македонски и германски јазик при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со дечињата од IV5 одделение и одделенскиот наставник Фросина Камчева. Преку разговор за лектирата Петар Пан, интерактивни активности и јазични предизвици,  откривме дека различните јазици не се граници, туку мостови што ги поврзуваат луѓето, културите и приказните.