По повод Светскиот ден на учителот – 5 Октомври, беше одбележан денот посветен на сите оние кои со својата работа, знаење, трпение и човечност го менуваат животот на децата и младите.
Во рамките на одбележувањето, Анета Едровска – логопед, од Општина Штип доби „Признание за посебен придонес за воспитно образовната дејност“.
Анета Едровска е професионалец со долгогодишно работно искуство и исклучителна посветеност во работата со децата, таа низ годините се издвојува со својата трпеливост, пожртвуваност, професионалност и одговорност, вложувајќи несебично време и енергија во секојдневната работа. Со внимателен и индивидуален пристап, таа им помага на децата да ги надминат предизвиците, да го развиваат својот потенцијал и со поголема самодоверба да чекорат кон нови успеси.
