За училиштето
ООУ „Ванчо Прке“ – Штип е централно градско основно училиште со богата историја и долгогодишна традиција во воспитно-образовната дејност. Низ неговите училници поминале бројни генерации ученици кои своето образование го продолжиле со успешни професионални кариери како лекари, професори, стопанственици и истакнати професионалци во различни области. Нивните достигнувања се потврда за квалитетните образовни темели поставени во нашето училиште.
Основано во 1962 година, училиштето низ децениите се развива како значајна воспитно-образовна институција во Штип. Во неговиот состав функционираат и три подрачни училишта, лоцирани во Ново Село, село Лакавица и село Селце.
Училиштето посветува особено внимание на инклузивното образование, обезбедувајќи услови за воспитание и образование на ученици со посебни образовни потреби преку соодветни паралелки.
Наставата се реализира во две смени. Првата смена започнува во 7:30 часот, додека втората во 13:30 часот, со времетраење на наставните часови од 40 минути.

Мисија и визија на ООУ Ванчо Прке - Штип
М И С И Ј А
Нашето училиште е современа и отворена образовна средина која го поттикнува развојот на секој ученик, почитувајќи ги различностите, правата и одговорностите.
Изјава за мисија:
Создаваме безбедна, современа и поттикнувачка средина според потребите на учениците.
В И З И Ј А
Се стремиме кон слобода на мислење, почитување на секој ученик и примена на современи методи на настава. Нашата цел е учениците да го прифатат учењето како лична потреба, да развиваат позитивни вредности и да израснат во одговорни и зрели личности.
Изјава за визија:
Секогаш во чекор со времето.
Партнери на училиштето за соработка:

БРЗИ ЛИНКОВИ
КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ
Сите права се задржани © ООУ „Ванчо Прке“
Изработено со ❤️ од TrinityMedia.mk