За патронот

Ванчо Прке – Сермен (с. Серменин, Гевгелиско,1921 – над с.Градец, Кочанско,21 мај 1943 ) бил македонски комунист, учесник во НОБ . Прогласен е за народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.

Биографија

Ванчо Прке бил роден во селото Сермен, Гевгелиско. Мајка му, сиромашна вдовица го дала во Штип во друго семејство. Во Штип завршил гимназија, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград  (од 1939), каде што станал член на КПЈ (во1941 ). Напоредно со студиите, за Издавачкото претпријатие „Нолит“ преведувал руска литература. Пред фашистичката окупација се вратил во Македонија.

Ванчо Прке бил еден од организаторите на НОБ во Штипско. Како член на Обласниот комитет на КПМ (1943) извесно време престојувал во Битола и Битолско и бил политички комесар на  Битолско-преспанскиот одред. Потоа пак се вратил во Штип (април 1943) и станал политички комесар на новоформираниот Плачковички партизански одред.

На  19 мај 1943година тргнал со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застанал да се одмори во една колиба. Тука на  21 мај ги стигнала потерата на бугарската полиција и ја опколила колибата. Во групата само тој имал пушка, додека другите биле невооружени. Им наредил на останатите да се пробијат до планината, додека тој го заштитувал нивното повлекување. Пукал во бугарските фашисти додека имал муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнал на непријателот и во тој момент паднал погоден од митралески рафал.

За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година. Во негова чест неколку училишта го носат неговото име.