
Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!
Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома!
Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули, а сите оние кои не ги запишале своите деца и не ја исполниле законската обврска ќе добијат писмено потсетување.