117 години од смртта на Гоце Делчев

Визионерот и револуционер кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница. По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе. Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан. Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.  Моштите на Делчев се пренесени од Софија во старата црква Св. Спас во Скопје на 10 октомври 1946 година како договор потпишан од претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито и премиерот на Бугарија Георги Димитров.

 

 

Градот Делчево го носи името на великанот од 1950 година  кога  е преименувано од Царево Село.

 

 

 

 

Со пригодна свеченост организирана од општина Делчево денеска по повод 117-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев се одбележа датумот на загинувањето на револуционерот. Делегација на ООУ „Ванчо Прке “ положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев