Општинското основно училиште „Ванчо Прке “ Делчево, објавува литературен и ликовен конкурс за учениците од основното образование кој се организира во чест на Патронот на училиштето.
Литературниот конкурс е на тема : „ На здрав човек, секој ден му е празник “ (поетски творби)
Право на учество имаат сите ученици од основното образование од IV-IX одделение. Личните творби треба да бидат доставени електронски до нашето училиште на
e-mail ouvancoprkedelcevo@yahoo.com најдоцна до 18.05.2020 година.
Ликовниот конкурс е на тема : “Луѓето во бели мантили~ангели чувари на нашето здравје”.
ООУ „ Ванчо Прке“ ги охрабрува сите млади креативци да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат придонес во изразување на личниот талент и визија, како гледаат на нашите медицински работници во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.
Сите творби најдоцна до 18.05.2020 да бидат доставени електронски на ouvancoprkedelcevo@yahoo.com , а најдобрите творби од двата конкурси ќе добијат дипломи и пригодни награди.
