ИНА МИШЕВА-ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Ина Мишева е ѕвездата која најсјајно засвети и го понесе епитетот „Првенец на генерацијата 2020“. Нема ништо поубаво, од тоа да го одиш сопствениот пат, пат кој веруваш дека ќе те донесе до она што отсекогаш ти била цел. Тој пат, не припаѓа на твоите родители, роднини и пријатели. Тој пат е твојот карактер, твојата истрајност, која секој ден те дефинира се повеќе.

 

Ина Мишева е ученик која успешно не претставуваше на секое натпреварување. Беше учесник на големите натпреварувања  и секогаш се враќаше со признание меѓу најдобрите три во нашата држава. На Државниот натпревар по биологија во 2018 година го освои трето место, 2019 година трето место на Државниот натпревар по хемија и покана за учество на Олимпијадата. Во 2019 година ја освои и првата награда на Државниот натпревар по географија. Ина Мишева е ученичка  која со својата скромност, интелегенција и упорност поставува високи стандарди , ученичка со која секој наставник би работел со голем ентузијазам знаејќи дека секогаш може да го постигне најдоброто. Изразуваме голема благодарност што беше дел од нашето училиште и не направи горди на нејзините резултати.

Директорот и наставничкиот колегиум  и ја честитаат оваа награда и  посакуваат и понатаму да биде пример и гордост за сите нас со нови успеси,  награди и победи во понатамошното нејзино образование.

Тоа им го посакуваме и на сите наши ученици кои имаа постигнати резултати во сите наставни активности во текот на своето образование во нашето училиштето.

Им посакуваме да бидат ентузијасти во својот живот и да чекорат по патот на знаењето. Да се залагаат за соживот и меѓусебна толеранција градејќи мостови на доверба.