Уште од мали нозе, нејзиниот неуморен дух,беше да научи , со многу идеи да дополни, со безброј прашања да го прошири – хоризонтот за кој самостојно и со многу посветеност неуморно одеше кон целта: да победи, да истражува, но и да изнаоѓа начин како да се дојде до вистинското решение, одговор или идеја. Од мали нозе како ученичка за неа со пиетет зборуваше нејзината наставничка Стојанка Тодоровска. Ни ветуваше дека е одговорен ученик. Нашата ученичка за секоја дадена задача имаше одговор:„ ќе можам, ќе научам, ќе се потрудам, но никогаш не рекла дека „не сака“. Нејзиниот убав пишан збор на безброј литературни конкурси, секогаш беше меѓу најдобрите која ни ги враќа сеќавањата. Нејзините настапи на училишната бина на безброј културно-уметнички манифестации, беше гордост да се слушне нејзиниот ораторски глас кој извираше од нејзината слаткоречивост и убав стил на изразување. Натпревари посебно по биологија, географија, а секако тука се и натпреварите по други наставни предмети со дипломи и пофалници скоро по секој наставен предмет , но и постојана играорка во КУД„Гоце Делчев“ кадешто била учесник на многу меѓународни манифестации…
ПРИМЕР ЗА ПРИМЕРЕН УЧЕНИК
Верица Ѓеоргиева е енциклопедиски пример за примерен ученик. Сакана од соучениците и почитувана од
наставниците, а таа возвраќа со уште поголема хуманост, несебичност и разбирање кон другарите на кои им е потребна помош, подршка или решение од домашна задача. Непосредна, скромна и секогаш со висок морал и почит кон секого – даваше пример на ученик чие поведение беше пример за останатите ученици, а за наставниците една од најзаслужните за кое го понесе пиететот и беше избрана за УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА.
Наставниот кадар од ООУ„Ванчо Прке “ и посакува уште многу такви успеси во понатамошното школување, зашто ние веруваме дека примерот на нашата најдобра ученичка ќе го следат и останатите ученици во нашето училиште.
ПОЧИТУВАНА ВЕРИЦА ЃЕОРГИЕВА
Нашата порака до тебе е:„ Не ни се дадени сто години наеднаш. Времето ни дава само секунада по секунда. Ако се фокусираш на иднината како визија и се грижиш за она што ќе се случи утре ти посакуваме, да се радуваш на секоја секунда зашто успехот не е конечен и неуспехот не е фатален: ВАЖНА Е ХРАБРОСТА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ…
Од стручниот колегиум на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево
